Арапската Лига и нуди помош на Сирија

Генералниот секретар на Арпската лига Набил Ал Араби ги повика сириската влада и опозицијата позитивно да одговорат на напорите на соседните држави за да се стави крај на немирите во Сирија. Араби изјави дека арапските земји сакаат и помогнат на Сирија да излезе од кризата со прекин на сите акти на насилство и создавање на атмосфера за сеопфатен национален дијалог. Во среда политичари од 22 земји членки на организацијата ќе дискутираат за состојбата во Сирија.