Неуспешен обид за атентат врз авганистански министер

Авганистанското министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека е направен неуспешен обид за атентат на министерот за внатрешни работи во Парван , северно од Кабул. Во соопштението е наведено дека станува збор за напад на бомбаш самоубиец кој не успеал да ја активира бомбата, затоа што телохранителите на министерот го убиле веднаш штом го забележале дека му се приближува на министерот.