Поплави во Мјанмар

Најмалку 100 луѓе загинале во изминатава недела поради поплавите што го зафатија Мјанмар по поројните дождови, соопштија локалните власти. До сега биле пронајдени телата на 35 луѓе а како изчезнати се водат 105. Поплавите во последниве неколку дена зафатиле 4 града во државата, околу 2 илјади луѓе се однесени во засолништа , откако невреме им ги уништи домовите. Првичните проценки за материјалната штета изнесуваат 1,7 милиони долари.