Муса: Граѓаните во Тунис избраа демократија

Поранешниот генерален секретар на Арапската Лига сега претседателски кандидат во Египет Амр Муса изјави дека каков и да биде исходот од денешните избори во Тунис, треба да биде почитуван изборот на граѓаните. Тој додаде дека револуцијата е водена за демократија и затоа треба одговорно да се прифати сето она што произлегува од демократските процеси. Денеска во Тунис се оддржуваат првите парламентарни избори, откако беше симнат претседателот Бен Али кој беше на власт 23 години.