Бројот на загинати во Јемен расте

Најмалку 20 луѓе загинале во Јемен кога безбедносните сили лојални на претседателот Али Абдула Салех гранатирале населба во Сана, јавуваат новинските агенции. Претходно Обединетите Нации го повикаа Салех да се симне од власт. Советот за безбедност донесе резолуција со која се осудува насилството во Јемен.