Уште еден состанок за Северно Косово без решение

Состанокот на српските претставници на општините во Северно Косово и челниците на КФОР и ЕУЛЕКС и денеска заврши без договор, соопштија локалните власти. Српските медиуми јавуваат дека КФОР и натаму бара да им се овозможи на сите мисии во Косово безусловно движење низ премините. Општинскиот претставник Драгиша Миловиќ по средбата која траела два часа изјави дека разговорите ќе продолжат и понатаму но за проблемот во северниот дел на Косово не можат да донесат решение сами, без Белград.