Клинтон изрази загриженост за религизоните ограничувања во Таџикистан

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска изрази загриженoст за рестрикциите за религиската слобода во Таџикистан. Таа по средбата со министерот за надворешни работи во Душанбе изјави дека не се согласува со ограничувањата на религиската слобода затоа што тоа може да доведе до раст на екстремизмот. Клинтон истакна дека треба да се избегнат чекорите кои можат да доведат до зголемување на екстремизмот во една земја.