Багдад ја поздрави одлуката на Обама за повлекување на американските сили од Ирак

Обама објави повлекување на американските сили од Ирак. 21.10.2011

Ирачката влада ја поздрави одлуката на американскиот претседател Барак Обама за повлекување на сите американски сили од Ирак до крајот на годинава. Според владата во Багдад, повлекувањето на американските сили ќе овозможи почеток на нови стратегиски односи меѓу двете земји. Сепак, командантот на ирачката армија Бабакар Зебари, изјави дека американски и НАТО обучувачи би требало да останат во Ирак и по 2011-та за да им помагаат на ирачките сили.