Почина братот на саудијскиот крал

Саудијска Арабија соопшти дека денеска починал принцот Султан Бин Абдулазис ал Сауд, кој бил подолго време болен. Тој е брат на саудијскиот крал Абдула и во последните 40 години беше министер за одбрана на Саудијска Арабија. Принцот Султан беше силен подржувач на блиските врски меѓу Саудијска Арабија и Соединетите Држави.