Клинтон: Пакистан клучен за стабилноста во регионот

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска изјави дека Вашингтон очекува од Пакистан да не им обезбедува засолништа на бунтовниците. ,,Силен Пакистан е клучен за стабилноста на регионот и ќе ги охрабри талибанците да преговараат,, рече Клинтон во Исламабад по средбите со пакистанските лидери. Претходно Клинтон престојуваше во Авганистан.