ДПМ реагира за Извештајот на ЕК

Друштвото на писателите на Македонија протестира поради бришењето на придавката „македонски” во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, оценувајќи го како непромислен потег.
,,Овој обид на Европската комисија по административен пат да го избрише јазикот што претставува духовна татковина на секој Македонец, е ирационален и спротивен на демократските, хуманистички и цивилизациски процеси на современиот свет и на нова Европа,, се наведува во соопштението на македонската писателска асоцијација.