СДСМ покрена постапка за одговорност за пописот

Пратеничката група на СДСМ, заедно со пратениците од другите опозициски партии поднесе кривична пријава за покренување постапка за утврдување на одговорноста за пропаѓање на пописот и за материјална штета на државниот буџет. СДСМ исто така побара од јавниот обвинител изрекување времена мерка со која ќе се спречи уништувањето на пописниот материјал кој би бил доказен материјал за утврдување које одговорен за неуспешниот попис и за потрошените, како што се додава, 14 милиони евра.