Смрта на Гадафи ги мотивира сиријците

На улиците на сириските градови по петочната милитва во џамиите повторно излегоа бројни демонстранти против режимот на Башар ал Асад.
Тие извикуваа пароли дека Асад е следниот кој ќе падне по либискиот лидер Моамер Гадафи кој вчера беше убиен во Сирт.
Се јавува дека неколку луѓе се убиени во Хомс, а ,досега според ОН, вкупно се убиени над 3 илјади луѓе од почетокот на протестите.