Нов обид за лансирање на руската ракета Сојуз

Руската ракета Сојуз со два европски сатлита, денеска по 24 часовно одлагање, би требало да биде лансирана од вселенскиот центар во Француска Гвајана. Со двата сатилита всушност почнува воспоставувањето на европскиот систем на навигација што треба да му конкурира на американскиот ГПС. Првото лансирање на една руска ракета надвор од Русија беше одложено поради технички проблеми.