Либијците слават, светот ја поздравува смртта на Гадафи

Либијците ја прослауваат смртта на Гадафи на плоштадот во Триполи

Либијцитe во главниот град Триполи и на други места во северно- африканска земја слават по убиството на долгогодишниот владетел Моамер Гадафи.

Голем дел од меѓународната заедница, исто така, ја поздрави смртта на Гадафи, и ги повика Либијците сега да работат на создавање на демократска иднина.
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека со смртта на Гадафи се стави крај на едно долго и болно поглавје за Либијците.
„Ова е значаен ден во историјата на Либија. Темната
сенка на тиранијата е тргната. Либискиот народ сега има голема одговорност да се изгради демократска Либија“, изјави Обама.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека Алијансата наскоро ќе ја заврши својата мисија во Либија,затоа што на „владеењето на стравот конечно му дојде крајот“. Тој изјави дека ќе ја прекинат мисијата во координација со ОН и Националниот преоден Совет. НАТО утре треба да одржи вонреден состанок на кој ќе се разговара за крај на воените операции во Либија.

По веста за смртта на Гадафи со реакции се огласија и западните лидери кои ја поздравија веста, оценувајќа ја како почеток на нова ера во Либија.
Британскиот премиер Дејвид Камерун изјави ова е ден за паметење за Либија.

​ ​ Во заедничкото соопштение од кабинетите на претседателот на Европската Унија Херман Вон Ромпуј и претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо е наведено дека смртта на Гадафи ќе им овозможи на Либијците да ја прифатат новата демократска иднина.
Генералниот Секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун го нарече денот „историски“
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони само кратко изјави дека „Сега војната е завршена.“

Седумдесет годишниот Моамер Мухамед Абу Миниар ал-Гадафи, познат како полковникот Гадафи, беше на власт повеќе од 42 години. Се уште не е позната кога Гадафи ќе биде погребан, но се претпоставува дека неговиот погреб ќе се одржи во тајност.