Чавез-Не сум повеќе болен!

Претседателот на Венецуела Уго Чавез во јули 2011

Претседателот на Венецуела Уго Чавез, изјави дека неговиот третман за лечење на ракот е успешен и дека тој повеќе не е болен. Чавез тоа го соопшти вчера по враќањето од лекување во Куба. Лидерот на Венецуела имаше тумор кој му беше остратен во јуни во Куба, по што четири пати беше на хемотерапија. Чавез кој е претседател на Венецуела
во изминатите 13 години, вети дека ќе се кандидира за повторен избор
на изборите кои ќе се одржат во октомври, 2012-та година.