Клинтон на „екстремно искрен“разговор со пакистанските власти

Клинтон со министерката за надворешни работи на Пакистан

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, која е во посета на Пакистан, денеска треба да разговара со пакистанските лидери за зголемување на соработката во борбата против исламските милитанти.

Предвидено е Клинтон да има одвоени средби со претседателот Асиф Али Зардари и со министерката за надворешни работи Хина Рабани Кар.

Клинтот со делагација на „виско ниво“, вчера пристигна во Исламабад на „екстремно искрен“ разговор со пакистанските лидери за потребата од
акција против милитантите обвинети за користење на Пакистан како
засолниште за извршување на напади против силите предводени од САД во
соседен Авганистан.
Американската делегација ја асочинуваат освен Клинтот и директорот на ЦИА Дејвид Петреус,како и претседателот на Здружениот генерал штаб, генералот Мартин Демпси.

Клинтон претходно беше во посета на Авганистан.