Црна Гора воведе нови акцизи за кафе и газирани пијалоци

Црногорската влада денеска донесе одлука да ги намали акцизите за нафтата но да ги зголеми за цигарите и алкохолот: Црна Гора за прв пат воведе акцизи на кафе и благи газирани пијалоци. Според владините проценки измените во акзицната политика ќе му донесе на буџетот дополнителни приходи од 12 до 15 милиони евра годишно. Во соопштението од минстерството за финансии, одлуката на владата е објаснета дека земјата ги следи европските трендови и дека производи кои се штетни за здравјето на луѓето, дополнително ќе се даночат.