Покрај Гадафи загина и неговиот син

Либискиот министер за инфомации Махмуд Шаман денеска потврди дека Моамер Гадафи е убиен додека се обидувал да побегне од родниот град Сирт. СНН објави аматерско видео на кое се гледа како неговото тело го изнесуваат од автомобил. Шаман изјави дека неговото тело е пренесено во Мисрата и дека наскоро премиерот Махмуд Џабрил ќе одржи прес конференција.
Во меѓувреме Националниот преоден совет соопшти дека во Сирт е пронајдено и телото на еден од синовите на Гадафи. Се очекува наскоро Стејт Департментот да ја потврди информацијата.