Претседателски избори во Молдавија

Молдавија денеска соопшти дека претседателските избори се закажани на 18 ноември како обид да се излезе од политичката криза која ги парализира реформите во земјата. Во Молдавија претседателот на државата се избира во парламентот со поддршка од 61 пратеник. Претходно политичкиот договор беше замрзнат затоа што владечката партија Алијанса за европска интеграција има 59 пратенички места а опозициската комунистичка партија има 42 пратеници и ги блокира кандидатите на владечкиата партија. Земјата е без претседател од 2009-тата година кога комунистичкиот лидер Владимир Воронин беше симнат од власт.