Белорусија повторно ја девалвираше валутата

Белорусија денеска соопшти дека повторно ќе ја девалвира својата валута со што годинава таа ја изгуби вредноста за 52 проценти. Државата се наоѓа во најголемата криза досега и е целосно зависна од надворешни заеми. Неодамна белоруските власти побараа заем од Меѓународниот монетарен фонд во вредност од 8 милијарди долари, но шефот на мисијата во Минск им одговори дека без економски реформи во земјата не може ни да се квалификуваат за преговори. Во јули Белорусија се задолжи 800 милиони долари од Евроазиската банка за обнова и развој чие седиште е во Москва.