Гадафи е убиен,Стејт Департмент се уште не потврдува

Новинските агенции јавуваат дека соборениот лидер Моамер Гадафи е уапсен и ранет во двете нозе. Ал Џезеира јаува дека Гадафи бил уапсен во конвојот кој се обидувал да го напушти градот Сирт, што беше под напад на НАТО. Официјалниот претставник на Националниот преоден совет Абдел Џалид изјави дека Гадафи е уапсен, ранет во двете нозе и однесен со амбулантско возило. Американскиот Стејт Департмент соопшти дека се уште не можат да ја потврдат инфомацијата за заробувањето на Гадафи.