Турција ги бомбардира курдските милитанти во Ирак

Денеска во Турција беа погребани 24-та турски војници, кои беа убиени од курдските бунтовници во близина на границата со Ирак. Во меѓувреме, турски воени авиони продолжуваат да бомбардираат цели во северен Ирак, каде што сметаат дека се кријат курдските милитанти, како одмазда за убиството на турските војници. Според турските медиуми, завчера, од 200 до 500 курдски милитанти од северен Ирак упаднале во Турција и нападнале една воена база. Турскиот претседател Абдула Ѓул изјави дека одговорот на овој напад ќе биде жесток.