Хилари Клинтон во посета на Пакистан

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, денеска во придружба на директорот на ЦИА, Дејвид Питреус, во Исламабад има средби со пакистанските цивилни и воени лидери. Главна цел на состанокот е да се изврши притисок врз Исламабад да превземе порешителни акции против милитантите. Соединетите Држави честопати превземаат акции со беспилотни летала против милитантите во Пакистанските региони во близина на границата со Авганистан.