Турската војска во офанзива против курдските милитанти

Турските власти соопштија дека турските вооружени сили гонат курдски бунтовници во соседен Ирак, откако 24 турски војници загинаа во еден од најголемите напади на курдските милитанти во изминативе години. Погребалните церемонии за загинатите војници треба да се одржат денеска во градот Ван. Како одговор на нападот на сепаратистите во провинцијата Хакари, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган нареди офанзива против бунтовниците во северниот дел на Ирак. Пешадијата е подржана од борбени авиони хеликоптери и бродови.