Состојбата во Северно Косово по состанокот „статус кво“

Состанокот на српските лидери на општините во Северно Косово и претставници на КФОР заврши без договор, јавуваат српските медиуми. Претседателот на општината Зубин Поток Славиша Ристиќ изјави дека им понудиле на КФОР нивни конвој за снабдување да може да поминува низ блокадите но тие да останат. Ристиќ на прес конфернецијата по состанокот изјавил дека КФОР поставил нов услов, да им се дозволи слободен пристап на блокираните премини за возилата на КФОР и ЕУЛЕКС. Тој додава дека предлогот го толкуваат како обид за минирање на обидот за договорот и дека на ЕУЛЕКС ќе му дозволат слободно движење само доколку ги врати косовските цариници и полицајци од премините.