Груевски се сретна со Јан Фишер во Лондон

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со потпретседателот на Европската банка за обнова и развој Јан Фишер во рамките на Инвестицискиот форум “Обединето Кралство – Македонија”, што се одржа во Лондон. Во соопштението од владата е наведено дека на средбата тие разговарале за тековните проекти на Владата кои што се поддржани од ЕБОР, како и за можностите за идна соработка.
Македонската делегација одржале средби со претставници на повеќе компании со кои се разговарале за можностите и потенцијалите на Македонија како инвестициска дестинација.