Бергант: ЕУ да најде формула Македонија и Црна Гора да добијат датум во декември

Ален Брајан Бергант

Словенија ја поддржува идејата Македонија паралелно да го решава спорот со Грција и да добие датум за предпристапни преговори за членство во Европската Унија. Ова денеска во Битола го изјави словенечкиот амбасадор во земјава Ален Брајан Бергант. Тој додаде дека во декември мора да се најде формула со која Македонија заедно со Црна Гора ќе добијат датум за почеток на преговори, а Европскиот Совет ќе даде согласност за Србија да добие кандидатски статус, со што јасно ќе се покаже дека процесот на проширување е континуиран. Бергант смета дека по шест години кандидатски статус Македонија треба да оди во следната фаза а ако некоја држава сака да го блокира патот може да го стори тоа низ 36 -те поглавја од преговарачкиот процес.