Клинтон во посета на Омар

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска се сретнa со султанот на Омар во градот Мускат со кој разговараa за билатерлна соработка и регионалните прашања. Американските власти пред средбата соопштија дека Клинтон ќе му се заблагодари на султанот за неговата улога во ослободувањето на тројцата американски планинари што беа затворени во Иран. Воедно се очекува Клинтон да разговара и за обвинението за иранскиот заговор за атентат врз саудискиот амбасадор во Вашингтон. Претходно Клинтон беше во посета на Либија каде изрази поддршка на новите лидери во земјата.