Грција - 48 часовен штрајк против мерките за штедење

Атина - архива

Во Грција започнува 48-часовен генерален штрајк, организиран од синдикатите против предложениот владин предлог-закон кој предвидува намалување на платите и пензиите и отпуштање на државни службеници.
За предлог-законот ќе се гласа утре во Парламентот. Покрај замрзнувањето на колективните договори и зголемување на даноците, предлог-законот предвидува префрлување на околу 30.000 државни службеници до крајот на годината во „работни резерви“, каде ќе примаат 60 проценти од платата.
Предлог-законот предвидува единствен модел за плати во државниот сектор, со што ќе се укинат досегашните бонуси и надоместоци.