ОН во офанзива за кипарското прашање

A view of the Security Council at the United Nations, in New York, 04Oct2011

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун разговарал телефонски со лидерите на двете заедници во Кипар, во врска со неговата средба со нив во Њујорк на 30 октомври, на која ќе се бара решение за повторно обединување на островот.
Претставник на Бан изјавил дека очекувањата во Њујорк се дека ќе се дискутира по суштински прашања за време на средбата на генералниот секретар со кипарскиот претседател Димистрис Христофиас и со лидерот на кипарските Турци Дервиш Ероглу.