Протести на опозицијата во Русија

Нaјмалку 20 опозициски демонстранти во Русија денеска се уапсени во Москва поради недозволен протест. Руската новинска агенција Интерфакс јавува дека демонстрантите протестирале против недоволниот алтернативен избор на престојните парламенaтaрни и претседателски избори во Русија. Демонстрантите за протестите немале одобрение од извршната власт во Москва. Тие имале транспаренти на кои пишувало„Русија без Путин“ и „избори без опозиција е кривично дело“.