Попоски и Бесими на состанок во Брисел

Фатмир Бесими

Министрите за надворешни работи Никола Попоски и за одбрана, Фатмир Бесими ќе учествуват денеска на состанокот на Македонија со НАТО што ќе се одржи во Брисел. Во соопштението од министертвото за надворешни работи е наведено дека Попоски и Бесими на состанокот ќе оддржат говор за политичко-економските и одбранбените реформски процеси во земјата.
Со овој состанок ќе се затвори 12-от циклус на Акциониот план за членство, а препораките што ќе произлезат од дискусијата на состанокот, заедно со Индивидуалниот извештај за напредокот на Македонија, ќе бидат основа за започнување на 13-от циклус на Акциониот план за членство и подготовка на новата Годишна национална програма за членство на Република Македонија во НАТО за 2011-2012 година.