САД ќе и помогне на Либија со 40 милиони долари

Американската држава секретарка Хилари Клинтон денеска во Триполи изјави дека САД ќе останат фокусирани на безбедноста во Либија. Таа додаде дека американската админситрација ќе обезбеди 40 милиони долари помош за либиската безбедност односно за потрага и уништување на опасното оружје од ерата на Моамер Гадафи. Клинтон дојде во ненајавена посета на Триполи, во време кога се уште се водат битки на жестоките борби на Националниот преоден Совет со лојалистите на Гадафи во нивните последни упоришта Бани Валид и Сирт.