Иванов се сретна со турскиот вицепремиер Аринч

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со вицепремиерот на турската владата Булент Аринч кој престојува во Скопје по повод одржувањето на седмиот Меѓународен конгрес за Ататурк. Во соопштението од претседателскиот кабинет е наведено дека Аринч изразил задоволство што двајцата претседатели се покровители на Конгресот кој првпат се одржува надвор од Турција со учество на повеќе од 200 научници од светот. Тој истакнал дека во следниот период ќе продолжи да се зголемува трговската размена меѓу двете држави. Аринч истакна дека Македонија секогаш може да смета на безусловна поддршка од Турција се вели во соопштението