Давутоглу разговарал со сиријската опозиција

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу синоќа во Анкара имал средба со членови на опозициониот Национален совет на Сирија. Притоа, Давутоглу им порачал да работат на демократски промени во земјата на мирен начин. Сиријскиот национален совет беше формиран во Истанбул во септември и досега не е признаен од ниедна земја како претставник на Сирија. Во Сирија со месеци се одржуваат протести против режимот на Башар Ал Асад, а во досегашните насилства загинале над 3000 лица.