Ахмадинеџат ги отфрла обинувањата од Вашингтон за заговор

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат изјави дека обвинувањата од Соединетите Држави за иранска вмешаност во заговор за атентат се исти како тврдењата на Вашингтон дека Ирак има оружје за масовно уништување, што беше повод за инвазија врз таа земја во 2003-та година. Во интервју за Ал Џезеира, Ахмадинеџат оцени дека Вашингтон ги фабрикувал обвиненијата против Иран за да го убие саудијскиот амбасадор и со тоа да бидат нарушени односите меѓу Саудијска Арабија и Иран.