Пакистан ќе преговара со талибанците ако го положат оружјето

Пакистанскиот министер за внатрешни работи Рахман Малик изјави денеска дека владата е подготвена да преговара со талибанските милитанти но само доколку тие го предадат оружјето. Доколку талибанците мислат дека можат да држат в раце калашњикови и да преговараат, тоа нема да се случи, изјави Малик. Претходниот обид за преговори меѓу пакистанската влада и талибанските милитанти не успеа.