Истекува рокот за отстранување на барикадите во северно Косово

Барикада во селото Жупче

КФОР ги предупреди Србите од северно Косово да ги тргнат барикадите до крајниот рок кој истекува денеска, бидејќи доколку тие не го сторат тоа војниците ќе бидат принудени да дејствуваат. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ги повика Белград и Приштина да ја решат кризата преку дијалог и според него барикадите не се прифатливи.
Речиси три месеци етничките Срби ги блокираат главните патишта за да ги спречат косовските власти да ја зголемат контролата врз мнозинските српските општини.