Продожен притворот за Санадер

Судот во Загреб му го продолжи притворот на поранешниот хрватски премиер Иво Санадар за 60 дена, при тоа отфрлајќи ги понудите на адвокатот за кауција. На седницата, што беше затворена за јавноста, адвокатите бараа Санадер да се брани од слобода, но судијата, ценејќи дека постои можност за бегство, го продолжи притворот. Адвокатите понудија кауција во вредност од над 1,5 милиони евра . На 28 октомври ќе почне судењето на Санадер за случајот примање поткуп од 481.000 евра од Хипо банка.