Груевски: ЕУ со нова тактика не притиска за името

Новата тактика на дел од меѓународната заедница е преку пренагласување на слабостите и забелешките да извршат притисок врз владата и Македонија да се изнајде решение за спорот со името по секоја цена. Ова го изјави премиерот Никола Груевски во интервју за државната новинска агенција МИА . Тој додаде дека очекува по една до две години земјава да се соочи со фијаското од тактиката со што двете земји ќе бидат многу подалеку од решение, отколку што се сега. Груевски вели дека доколку не биде решен проблемот со името тогаш ЕУ догодина ќе ја укине препораката за преговори за членство.