Иран ќе ги истражи американските обвинувања

Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи изјави денеска дека се подготени да спроведат истрага за американската информација дека Техеран учествувал во заговорот за атентат на судискиот амбасадор во Вашингтон. Салехи побарал од САД преку швајцарската амбасада која ги претставува американските интереси, да овозможи пристап до обвинетите за наводниот заговор. Иранскиот лидер претходно категорично ги отрли обвиненијата за соучество во заговорот за атентат. Иранскиот верски врховен лидер ајатолахот Али Каменеи изјави дека Иран строго ќе одговори на мерките на Западот против исламската држава.