Бан Ки Мун побара од Србија и Косово да го решат проблемот

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун ги повика Србија и Косово да ги решат пограничните проблеми. Тој изјави дека блокадите на премините се неприфатливи. Бан Ки Мун во својот говор во Берн изјави дека проблемот треба да биде решен преку дијалог. Локалните Срби во северниот дел од Косово ги блокираат премините веќе неколку недели. Претходно КФОР соопшти дека го одложува крајниот рок за отстранување на блокадите за да им дозволи на локалните Срби доброволно да го сторат тоа.