Тешки борби минатата ноќ во Сана - Јемен

Во Сана и ноќеска имало судири меѓу силите лојални на претседателот на Јемен, Али Абдула Салех, и опозицијата. Се јавува дека во борбите се стрелало и со ракети, гранати и со тешко пешадиско оружје.
Салех владее со Јемен 33 години, а последните 8 месеци се соочува со протести на кои се бара негово заминување од власта.