Одложено отстранувањето на српските барикади во северно Косово

Барикади на граничниот премин Јариње.

Командантот на КФОР го одложи отстранувањето на блокадите на северот од Косово поставени од локалните Срби, нудејќи им доброволно да го сторат тоа. Во соопштението од КФОР се вели дека отстранувањето на барикадите е одложено до вторник, а за тоа време на граѓаните им е овозможено сами да ги тргнат барикадите. Преставниците на трите општини со мнозинско српско население на северно Косово претходно побараа дополнително време за отстранување на блокадите. Поради барикадите поставени кон границата со Србија, КФОР ги снабдуваше своите војници на границата со потребните работи преку воздух.