Експлозија на бомба во Турција

Турските безбедносни сили денеска интервенираа за прекин на незаконски демонстрации во Адана, во јужниот дел на Турција. За време на протестите експлодирала бомба при што 4 полицајци се ранети. На протестите биле поставени пароли за поддршка на Курдската работничка партија, јавуваат турските медиуми.