Штетата од протестите во Рим е над милион евра

Штетата од вчерашните насилни протести во Рим изнесува над милион евра, изјави денеска градоначалникот Џани Алемано. Искршени се излози на многу продавници, на банки, запалени беа и автомобили. Стотици маскирани демонстранти ги почнаа немирите и се судрија со полицијата. Рим е единствен град каде што имаше директни судири со полицијата која употреби солзавез и водени топови за да ги растури групите кои предизвикуваа немири. Протестот во Рим беше дел од вчерашната светски протести против социјалната нееднаквост и коорпоративната алчност што се одржаа во речиси 900 градови инспирирани од движењето „ Окупирај го Вол Стрит“.