Трише:Европскиот договор треба да се смени

Шефот на Европската Централна Банка Жан Клод Трише изјави денеска дека договорот на ЕУ треба да се смени за да се спречи една земја членка да го дестабилизира остатокот од блокот. Тој во интервју за франуско радио истакна дека Европа не успеа да се справи со глобалната финансиска криза затоа што дел од членките не ги почитуваа правилата од договорот за надзор и управување во рамките на еврозоната. Трише кој ќе се повлече од претседателското место во банката до крајот на месецов , вели дека европските влади треба да преземат итни мерки за заштита на банките и финансиските институции како и решавање на проблемите во грчката економија. Тој сепак додаде дека еврозоната не е под закана.