Турски студенти на битолскиот универзитет

Златко Жоглев, ректор на битолскиот универзитет, и Џемал Талуг, ректор на универзитетот во Анкара.

Студенти од универитетот во Анкара, Турција ќе можат да го продолжат студирањето на битолскиот универитет.
Наскоро студенти од универитетот во Анкара, Турција ќе можат да го продолжат студирањето на битолскиот универитет. Ова го предвидува договорот што неодамна го потпишаа ректорите Џемал Талуг и Златко Жоглев.

„Генерално има еден проблем Турција, има вишок средношколци кои не можат да се запишат на факултет. Според некои проценки нивниот број е над еден милион. Иако Турција е голема земја, лимитиран е бројот на оние кои се запишуваат на универизтетите. Тие што не успеаваат да се запишат во Турција, се запишуваат во околните земји. Веќе има искуство студираат во Бугарија, дел доаѓаат тука или во Босна“, вели битолскиот ректор Жоглев.

Има група студенти кои во Турција завршиле две години високо образование и тука сакаат да завршат уште три години и да се стекнат со факултетска диплома, посебно во техничките науки и електро инженерството, додава Жоглев.

Соработка ќе има и на полето на филолошките науки.

„Сакаат да отворат тука и катедра за турски јазик за што ќе ни дадат целосна поддршка. Нивниот центар за турски јазик во Анкра е еден од најсилните, па имаат дисперзирано студии во целиот свет“, вели битолскиот ректор.

Тој на средбата со турскиот колега Талуг му подари рељеф со ликот на Александар Македонски. Ректорот Талуг, пак, изјави „моето семејство потекнува од овој дел на земјата и ќе ми е посебно задоволство да соработувам со Македонија“.