Достапни линкови

Универзитетска лабораторија за генетика во Битола


Лабораторија
Лабораторија

Ветеринарниот факултет од Битола доби современо опремена лабораторија каде ќе се вршат посложени генетички анализи.

Ова е прва ваква опремена лабораторија на битолскиот универзитет, а во опремата државата вложи половина милион евра.

„Тука ќе се вршат ДНК анализи, а ќе може да се соработува со факултетот за безбедност, и други институиции, на пример со судовите ако им е потребна ДНК анализа за одредени случаи. Спремни се да порават вакви генетички анализи и има многу други можности за генетички анализи, среќни сме што тоа го имаме сега. Целосно се опремени просториите и она беше порано руинирана зграда, посебно на долниот спрат и визбите каде имаше вода, направена е дренажа и комплетно се опремени просториите по сите стандарди“, вели Златко Жоглев, ректор на Битолскиот универзитет.
Тука ќе се вршат ДНК анализи, а ќе може да се соработува со факултетот за безбедност, и други институиции, на пример со судовите ако им е потребна ДНК анализа за одредени случаи. Спремни се да порават вакви генетички анализи и има многу други можности за генетички анализи, среќни сме што тоа го имаме сега

Според него целта е да се унапреди научно-истражувачката работа.

„Самата настава, предавањето да биде засновано на истражување. Не можете да им предавата на студентите нешто што другите го направиле. Треба да се автентично да се види на просторот каде се образуваат и да може да се спореди со она што другите го направиле. За тоа е важно да има истражувања и фундаментални и конкретни истражувања од одредени области. Тогаш и самите професори кои прават истражувања кога ќе застанат пред студентите имаат аргументација да кажат, докажат некои тези или да ги негираат“, додава Жоглев.

Со ваквите инвестиции ректорот вели дека се внесува ренесанса во високото образование зашто со години не беше вложувано во научно-истражувачата работа, па таа некако беше запоставена. Тој посочува дека во цела Европа тренд е високообразованите институции да се ориентираат истражувачки.

Статистиките покажале дека европските универзитети, освен оние во Англија заостануваат позади американските кога се работи за истражувачка настава. Токму затоа последните десетина години на сите позначајни конференции во Европа континуирано се зборувало за поголема застапеност на истражувањата. Критериумите за вреднување на квалитетот на универзитетите сега се пред се врзани со тоа колку имаат истражувања, вели професорот Жоглев.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG